Извикувајќи „Сакаме топол дом“, неколку Роми денеска излегоа на мирен протест пред Владата.
Мотивот за протестот, како што велат, е тоа што утринава им беа срушени импровизираните куќи под тврдината Кале-пренесе ТВ21.
Во исто време Лекарите специјализанти излегоа на мирен протест пред Министерството за здравство. Бараат да се укине видеоснимањето на сите испити во текот на специјализацијата, да им се даде плата на сите приватни специјализанти, како и да бидат здравствено и пензиски осигурани.
„Просториите за видеоснимање на испитите и емитување во живо на интернет се веќе спремни пред претстојната испитна сесија, а специјализантите повторно останаа без денар плата, со лихварски договори и дискриминирачки и деградирачки услови за специјализирање“, порачуваат специјализантите.
(ВИДЕО) Заев за Ал Џезеира Балканс: Над 100.000 непостоечки гласачи во избирачкиот список
Излегуваме за да го кренеме гласот и јасно да кажаме не за видеоснимање и емитување во живо на интернет на сите наши испити, не – за работа без скршен денар плата и без здравствено и пензиско осигурување, реагираат специјализантите.