РСЕ: Како ќе се балансира известувањето на медиумите?

од desk3

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги неодамна го почна мониторингот на медиумите во предизборниот период-информира РСЕ. Она што е важно е дека методологијата која се применува во 80-те дена пред почетокот на изборната кампања не нуди критериуми за тоа што значи избалансирано известување. Директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски објаснува дека според таа методологија, ад-хок телото е тоа што ќе одлучува за тоа кој медиум како известувал, а токму тоа, според него, ги става во тешка положба медиумите во земјава.

agencija-telo

„Во оваа методологија што е сега на сила нема дефинирано критериуми за тоа што значи избалансирано известување 80 дена пред избори и начинот на оценување дали некој медиум ќе известува избалансирано или не, се остава на волја на членовите на ад хок комисијата. Тоа ги става во малку незавидна положба медиумите бидејќи не постојат правила коишто за жал во претходната методологија што партиите бараа да ја укинеме, беа дефинирани и медиумите имаа јасна претстава и знаеја како треба да се однесуваат. Со ваквиот договор, во најтешка положба се ставени медиумите бидејќи за овие 80 дена во делот на избалансираноста не постојат критериуми“, вели Трајчевски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

За време на изборната кампања, пак, принципот за избалансираност е законски утврден и во тој период ниту Агенцијата, ниту ад хок телото нема да има проблем да дефинира кои медиуми известувале или не известувале избалансирано, објаснува Трајчевски.

Јасни критериуми за тоа како треба да известуваат медиумите во периодот надвор од изборната кампања мора да има, се согласува и професорката Снежана Трпевска од Институтот за комуникациски студии.

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини