Русија стави вето на предлог резолуција на ОН за осуда на Северна Кореја

од Vladimir Zorba

– Русија стави вето на предлог резолуција, поднесена вчера од САД во Советот за безбедност на ОН, со која се осудува последното ракетно тестирање на Северна Кореја.

Американскиот предлог содржи барање Пјонгјанг да се воздржи од нови нуклеарни проби, по неуспешното лансирање на ракета во неделата.

Според дипломати од СБ на ОН, Москва побарала текстот да се дополни со делови од претходна декларација, односно дека е неопходно да се најде решение преку дијалог. Некои дипломати биле изненадени од одлуката на Русија да ја блокира резолуцијата, кој била поддржана и од Пекинг, кој е сојузник на Северна Кореја.

Во предлог резолуцијата членовите на Советот изразуваат „огромна загриженост од дестабилизирачкото однесување“ на Северна Кореја и повторно се заканија со „соодветни мерки“ против режимот во Пјонгјанг.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс вчера ја предупреди Северна Кореја да не ја става на искушение решителноста на Вооружените сили на САД, бидејќи ќе добие „поразителен и ефективен одговор“ на секоја употреба на конвенционално или нуклеарно оружје. Тој го нарече Пјонгјанг „најопасна и неодложна закана во регионот

Слични содржини