Договарајќи се со Русија за примирјето во Сирија, САД и демонстрираа на Турција дека не ја поддржуваат намерата на Анкара да испрати војници во Сирија, изјави поранешниот американски дипломат Џим Џантрас во интервју за RT.

erdogan

“Обезбедување на прекинот на огнот ќе биде неизмерно тешко. Ако Турција испрати свои војници во Сирија, тоа би било апсолутно нелегално, тие ќе бидат подложени на соодветни мерки од страна на сириската армија и руската авијација. Вашингтон и даде на Анкара јасно да разбере дека “вие, деца, сами поправете се и ако сте толку глупави што ќе испратите свои сили во Сирија и ќе ги подложите под руски удари, не чекајте НАТО да ви дојде на спасување” – смета Џатрас.

Грција се гуши: Пристаништа, плоштади, кампови, автопати – се е полно со бегалци

Според поранешниот дипломат, заканите од страна на Турција и Саудиска Арабија за можна интервенција во сирискиот конфликт се една од причините поради кои САД и Русија постигнаа договор за примирје.

Дипломатот сепак не исклучува дека терористите можат да направат провокации, за да ја обвинат сириската војска за кршење на примирјето.

Слични содржини