Само 5 тони а не 50 колку што тежел камионот, може да издржи фонтаната на плоштадот Македонија

од desk3

 

Според проценката од Град Скопје, плочките од рамната фонтана можат да издржат тежина до 5 тони, а камионот чиј возач не ги почитувал правилата за движење низ плоштадот, тежел 20 тони.

„Водата што прска од фонтаната понира меѓу плочите, се прочистува и се враќа во системот. Поради ваквиот начин на работа, површинските фонтани никаде во светот не се предвидени по нив да се движат возила, особено не тешки товарни возила“,соопшти Град Скопје.

Граѓаните велат дека овие фонтани се непотребни и за нив се потрошени многу пари.

Рамната фонтана во центарот на Скопје и претходно беше на сличен начин оштетена, во два наврати пропаднаа возила на јавното претпријатие “Јавна хигиена”. Градена по примерот на слични атракции во светот, и како дел од проектот “Скопје 2014”, фонтаната беше пуштена во употреба во Јуни 2015 година. Ја изгради компанијата “Трансмет”, за вкупен износ од 2,4 милиони евра, од кои градот плати една третина, додека остатокот го надомести Владата.

Работници ја санираат штетата на фонтаната на плоштад Македонија, дента кога беше организиран свечен пречек за ракометарите на Вардар, откако камион од “Улици и Патишта”, пропадна со предните тркала под фонтаната.

 

Слични содржини