СДСМ: Иванов ќе добие писмено известување дека мора да му го даде мандатот на Заев

од Vladimir Zorba

Со денешното интервју Иванов самиот се разобличи во намерата да го поддржува Никола Груевски во неговата цел за продлабочување на политичката криза, се вели во реакцијата на СДСМ на интервјуто на претседателот на државата за унгарскиот весник „Маѓар хирлап“.

Од партијата порачуваат дека ќе има конститутувна седница и избор на нов претседател на Собранието, од кој Иванов писмено ќе биде известен дека е должен да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за состав на новата влада.

„Ѓорге Иванов нема право за личен спас на Никола Груевски да ги држи во заложништво граѓаните и Република Македонија! Двајцата не смеат да го уриваат уставниот поредок, да предизвикуваат дестабилизација, да излегуваат со неразумни барања за нови избори, само затоа што Груевски има потреба да бара спас од одговорноста за криминалот што го правел. На граѓаните и на државата им е потребна итна стабилизација по веродостојните избори и по формирањето на парламентарно мнозинство на демократски начин“, стои во соопштението на СДСМ.

Слични содржини