Миле Јанакиески најмалку што може да направи по обелоденетиот скандал „Космос“, во којшто тој е извршител на Груевски, е да му се извини на Фијат Цаноски и на граѓаните на Македонија и да замине од политичката сцена, соопшти денеска СДСМ.

„Со тоа нема да ја смени вистината за ’модерните волови’ и динамити со коишто учествувал во уништувањето на милионска инвестиција, на семејство, дека бил соучесник во газењето на правото, но ќе покаже минимум совест. Го охрабруваме Јанакиески да најде капацитет за тоа. Што се однесува до правдата, ќе дојде момент, ќе си го најде местото. Тогаш ќе се види кој го почитувал, а кој го изиграл законот“ порачува СДСМ во денешното соопштение.

Слични содржини