Денеска агентите го одложија издавањето на еврообврзницата во вредност до 650 милиони евра, но истата не е целосно откажана – се вели во соопштението на СДСМ по информацијата за одложувањето на издавањето на еврообврзницата.

sdsm-sedishte

Во него се додава дека Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија предупредуваше дека доколку се случи издавањето на еврообврзницата на овој начин, истото ќе прекршува неколку закони на Република Македонија.

– Одложувањето е потврда дека сите аргументи и апели за ова финансиското злосторство по налог на Никола Груевски од 650 милиони евра е незаконско и на штета на граѓаните, економијата и идните генерации. Сите инволвирани страни во процесот на издавањето на еврообврзницата, се обврзани да дејствуваат во рамки на важечката правна регулатива – се додава во соопштението на СДСМ.

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија информира дека и понатаму нема да отстапи од ставот, дека доколку се издава еврообврзница, истата треба да се издаде по истата постапка по која што беше издадена еврообврзницата во ноември 2015.

Слични содржини