Седници на две собраниски комисии

од Vladimir Zorba

 Во Собранието на Република Македонија  денеска ќе заседаваат комисиите за култура и за прашања на изборите и именувањата. 

Пред Комисијата за култура е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за културата, по скратена постапка во второ читање.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувања ќе ги разгледуваат предлог-одлуките за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, за основање пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави, како и за избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија  за соработка со парламенти на други држави.

На дневен ред на оваа Комисија е и Предлог-одлуката за резрешување од функцијата заменик на генералниот секретар на Собарнието на Република Македонија

Слични содржини