Шарлоте Кала го освои првото олимписко злато во Пјонгчанг

од Vladimir Zorba

  Швеѓанката Шарлоте Кала го освои првото олимписко злато на ЗОИ во Пјонгчанг 2018. Кала триумфираше со титулата во ски трчање во скиатлон на 15 километри (7,5 километри класичен стил + 7,5 километри слободен стил).

Кала ја заврши трката за 40:44,9 минути.

Триесет годишната Швеѓанка нападна во последните три километри од растојанието и го освои шестото олимписко одличје во кариерата и трето злато во 10 километри слободен стил по Ванкувер 2010 и со штафетата на Шведска на 4 по 5 километри во Сочи 2014.

Кала и се реваншираше на Марио Бјорген (Норвешка), која ја претекна во скиатлон на Игрите во Сочи пред четири години.

Светската шампионка Бјорген финишираше втора на 7.8 секунди и не успеа да стане првата натпреварувачка во крос-кантри скијање со три последователни олимписки титули во една дисциплина.

Натпреварувачката од Финска, Криста Пармакоски, светска вицешампионка од Лахти 2017, обезбеди бронза со заостанување од 10,1 секунда.

Пласман во скиатлон кај жените:

1. Шарлоте Кала (Шведска) – 40:44.9 минути
2. Марит Бјорген (Норвешка) – 40:52.7
3. Криста Пармакоски (Финска) – 40:55.0
4. Еба Андерсон (Шведска) – 40:55.8
5. Џесика Дигинс (САД) – 40:59.6
6. Натали Фон Зибентал (Швајцарија) – 41:02.5.  

Слични содржини