Заменик-претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска присуствуваше на состанокот на претседателството на Партијата на европските социјалисти (ПЕС).

60907_60901_RadmilaSekerinskaFot01

 

На состанокот, како што соопшти СДСМ, била изразена целосна поддршка на заложбите за фер и демократски избори во Република Македонија. Било нагласено и дека ПЕС бара доследно спроведување на сите реформи предвидени со Договорот од Пржино.

– ПЕС го поддржувa ставот на својата придружна членка СДСМ  дека моменталните услови во Република Македонија не гарантираат слободни и фер избори. Прочистувањето на Избирачкиот список и потребните реформи во медиумите мора да се спроведат пред одржувањето на изборите, стои во Декларацијата на ПЕС за Македонија усвоена вчера.

ПЕС посочува и дека одлуката за распуштање на Собранието е донесена од страна на власта без исплонување на главните услови од Договорот од Пржино.

Слични содржини