Не може да се надеваме на правна разрешница во држава во која имаме партизирани институции, тврди опозицискиот СДСМ, според кој единствениот излез од актуелната криза е политичката завршница. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов уверува дека еден од условите за правна разрешница е оставка на јавниот обвинител Марко Зврлевски од функцијата-информира РСЕ.

6DB1BE51-7438-4C40-9DBE-6059C9527770_w268_r1

„После неговата оставка може да зборуваме за реконструкција на институциите, коишто ќе работат согласно законските одредби, а не согласно од претставниците на извршната власт, во овој случај Никола Груевски, за да може да стане збор за каква било правна завршница“, изјави Шилегов.

Тој тврди дека токму затоа во овој момент не може да се дојде до правна разврска на кризата, затоа што, како што вели, до толкава мера се партизрани државните институции што не работат во согласност со своите овластувања, туку по нарачка на власта. Во таа насока сè додека не се смени јавниот обвинител, опозицијата не верува дека се поголеми шансите за правна завршница дури и со меѓународни експерти.

Оваа корелација на односи меѓу владата и органите кои се под директно влијание на владата, а тоа да речеме е судската власт, никогаш нема да биде решено со овој состав и со овие органи.
Осман Кадриу, универзитетски професор.
„Токму Никола Груевски во неговиот вчерашен говор го потврди она што ние цело време го тврдиме. Во еден дел од говорот спомена дека дури и братот на Зоран Заев да бил јавен обвинител, кога ќе ги видел доказите со коишто се располага ќе се засрамел и тука се поставува логичното прашање – кој е Никола Груевски за да знае со какви докази располага Јавното обвинителство на Република Македонија“, вели Шилегов.

Повеќе ТУКА

Слични содржини