Шкотскиот парламент гласаше “за” одржување на втор референдум за независност, пренесува “Гардијан”.

Гласањето заврши со 69 гласа “за” наспроти 59 гласа “против”.

Гласањето се одржа по продолжени дебати.

Така пратениците го поддржаа повикот на првиот министер Никола Стрaџен за организирање на референдум . Таа ја доби поддршката на Зелените во парламентот при гласањето.

Таа најави дека новиот референдум треба да се одржи пред Велика Британија да ја напушти ЕУ во 2019 година

По гласањето во парламентот, Старџен инсистираше дека гласањето треба да биде почестено од Лондон.

Лабуристите, конзервативците и либералдемократите се изјаснија против референдум сега, кога претстои почетокот на преговорите за Брегзит. Тие сметаат дека таквиот потег ќе и наштети на шкотската економија.

Потсетуваме дека  во 2014 година повеќето Шкотите, 55%, гласаа нивната земја да остане во рамките на Велика Британија.

Стрџен, лидер на владејачката шкотски национална партија, има намера да го искористи гласот на парламентот во Единбург за одбрана на “суверено право” на Шкотска сама да си ја предодреди  иднината.

Сепак шкотскиот парламент не може да организира легитимен референдум без согласност на Лондон. Стрџен најави дека ќе активира постапката во наредните денови.

Премиерот на Велика Британија Тереза Меј соопшти дека сега не е време за втор референдум.

По објавувањето на гласови во Единбург стана јасно дека Лондон ќе го отфрли ова барање.