Која фризура ja носите и колку често ја менувате? Фризурата ја избираме според нашите желби, модни трендови, форма на лицето.3b5a06673055b3d3604688c2b01d9cdaНејзиниот изглед одговара не само на стилот, но и на нашето битие. Што покажува вашата фризура за вас?

Бранови во косата или кадрава коса
a4a1f5afd0bdc3ab4308c394d3e33180
За вас може да се каже дека сте романтична и привлечна дама. Секогаш сте отворени за нови искуства. Спрема луѓето околу вас, се однесувате пријателски, но секогаш се стремите да сте истакнати. Вашиот оптимизам и романтично емитување, го маѓепсува спротивниот пол.

Плетенки во косите1a63018d975cd7065518409356f8ef90

Вие сте една достојна личност со големо чувство за хумор и неисцрпна енергија. Секогаш се стремите да помогнете на луѓето крај вас. Верувате во идеите и соништата и се стремите да ги следите. Ги поднесувате поразите со високо крената глава.

Боб80e85cfad41423e36facab61998d2b89

Ако ја фенирате косата во уреден боб, вие сте жена со богат внатрешен свет. Наоѓате среќа во работата и креативните идеи, кои кај вас се секојдневие. Секогаш сте подготвени да направите нешто необично и оригинално. Вашата амбиција работи во ваша корист.

Венец од плетенки0db394570dbebbf33d45a6e184a60039

Вие сте човек кој сака да ги слуша приказните на другите. Секојдневието е посветено на луѓето крај вас. Најсилната карактеристика на вашата личност е благонаклонетоста. Ви се допаѓа славата и секогаш се стремите да бидете во центарот на вниманието. Луѓето ве ценат не толку поради надворешноста колку заради вашите лидерски квалитети.

Затегната пунџа9a063fbfdef5a13d4aec189fbf210526

Во секој момент вие сте со совршен изглед. Од друга страна сте исклучително дисциплинирани и имате контрола на секој аспект од животот. Претпазливи сте, а кога треба да се донесе важна одлука, преферирате да размислувате подобро работите и да не брзате.

Коњска опашка8b00931f7a849f795690e9e6631125ce

Вие сте мирна личност и секогаш дејствувате според интуицијата. По природа ги промовирате и поучувато другите, но ретко ги судите. Мислите дека луѓето треба да бидат прифатени такви какви што се. Добар слушател сте и советник.

Идеална права и распуштена коса71b8152f6232edcace0b320f08a29597
Вие сте добро организирана и независна жена. Околу вас сè е уредно. Ги цените малите и едноставни нешта. Ја откривате среќата во деталите, а не во материјалното. Туѓите проблеми не ве возбудуваат и иако тоа ве прави малку егоисти, не се плашите да го прикажете. Во љубовта тешко наоѓате половина, бидејќи мажите се плашат од вашата сила.

Распуштена и несериозна пунџаb0d9d7d6e041b75debf3d127cbecf457

Вие сте вистинска социјална пеперутка. Вашите главни приоритети во животот се семејството и пријателите. Најблиските секогаш може да сметаат на вашата поддршка и совети. Сакате да се забавувате, да патувате, а во љубовта имате потреба од разновидност.
Слики: buzzfeed

Слични содржини