Што си рекоа Иванов и Вучиќ во Белград?

од desk3

Сите прашања меѓу двете земји околу кои постојат различни мислења треба да се решаваат зеднички преку дијалог. Да не дозволуваме тие прашања да влијаат на односите меѓу двете држави, затоа што сепак, ние сме соседи и што и да се случи остануваме да живееме на овој простор и мора како добри соседи да создаваме добри практики за идните поколенија, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по денешната билатерална средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ во Белград.

Претседателот Иванов изјави дека со неговиот српски колега имале конструктивна средба и биле согласни дека отворените прашања не треба да се политизираат.

– Сите отворени прашања мора да ги разгледуваме преку дијалог и надлежните институции да наоѓаат решенија. Kаде настанувааат проблемите, таму да се наоѓаат и решенијата.  Да не ги политизираме  и да не им даваме посебно значење на прашањата кои се во надлежност на институциите, изјави Иванов.

Шефот на државата вчера присуствуваше на инаугурацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, во Палата Србија.

 

Слични содржини