Скарлет, Анџелина и Џејда Смит за моногамијата

од Vladimir Zorba

Кога зборуваме за интимна врска, обично се подразбираат моногамни односи, но во некои случаи врската може да биде и отворена. Што значи да бидеме во отворена врска? Нема прецизна дефиниција, бидејќи овој тип партнерства можат да бидат она што ќе решиме да бидат. Што и да избереме едно е јасно – моногамијата недостасува целосно.

Што сепак мислат познатите по ова прашање? Овие три исклучителни жени го споделуваат својот однос кон моногамните врски, како и визијата за здрави односи.

Скарлет Јохансон

Актерката се мажеше два пати, но таа не гледа на моногамијата како клуч за успешна врска. Во интервју за Playboy изјави дека според неа овој тип односи бараат многу работа и од двајцата партнери, што за Скарлет е показател дека тие не се природни.

“Тоа е нешто што многу го почитувам и во кое учествував, но мислам дека дефинитивно се противи на некаков внатрешен инстинкт.”

Анџелина Џоли

Иако веќе не се заедно со Бред Пит, Џоли зборувала за улогата на верноста во бракот пред германското списание Das Neue Blatt. “Се сомневам дека верноста е апсолутно неопходна за една врска … полошо е да го оставиш партнерот и да зборуваш лошо за него потоа. Ниту Бред ниту јас некогаш сме тврделе дека да живееме заедно значи да бидеме врзани еден за друг. Ние се обидуваме никогаш да не се ограничуваме. ”

Иако не е многу јасно што значи овој недостаток на ограничувања, изгледа дека и двајцата имале исти ставови, што е најважно.

Џејда Пинкет Смит

Гласините за наводно отворената врска на Вил и Џејда се толку неконтролирани што Џејда дури се обрати на Фејсбук, за да разјасни целата ситуација. Во публикација во 2013 година таа пишува: “Вил и јас можеме да правиме што ќе си посакаме, бидејќи имаме доверба еден на друг. Тоа не значи дека имаме отворена врска, тоа значи дека имаме зрела врска. “

Слични содржини