Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, денеска го поздрави постигнувањето на договорот меѓу претставниците на политичките партии за излез од кризата.

„Честитки за Македонија за договорот од 20 јули – можност за демократија“, напиша Бејли на „Твитер“ и го објави постигнатиот договор.

Вчера договорот го поздрави и еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика Јоханес Хан, кој порача дека сега треба импулс за да се сочува договореното и да имплементираат реформите, кои се клучот за одржлив напредок.

МЕТА

Слични содржини