Сметките на Путин излегоа златни: Еве колку чини војната во Сирија!?

од Vladimir Zorba

За една година војна Москва потроши помалку од 1 милијарда долари.

20151128-zfjaokkpls

Активностите на руската армија во Сирија за една година го чинеле буџетот околу 58 милијарди рубли / помалку од 1 милијарда долари /, пресметало изданието РБК.
Најмногу – околу 50 милијарди рубљи – се потрошени за 13.000 војници. Околу 2,8 милијарди рубљи чинело истрелувањето на ракети “калибар”. За една година биле истрелани 56 од нив.
Загубите на Русија се повеќе од симболични. Москва загуби само еден авион Су-24, кој беше соборен од турските воздухопловни сили, и три хеликоптери – Ми-8, Ми-28Н и Ми-35.

Нивната вкупна цена изнесува 3,35 милијарди рубљи. За издршката на руските војници во Сирија се потрошени 2,1 милијарди рубљи. За надоместоци за загинатите руски воени отишле 60 милиони рубљи.

Слични содржини