SMRT

Ниту дождот и лошите временски прилики во Скопје не ги обесхрабри граѓаните и вечерва да се соберат пред зградата на СЈО. Со транспарентот „Смрт за режимот, слобода за МРТВ“ почна протестиот марш.

Вниманието на протестот е свртено кон информирањето на јавниот сервис, односно „Македонска радио-телевизија“.

„Само информирани граѓан(к)и можат да носат информирани одлуки. Задача на „Македонска радио-телевизија“, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа, овој јавен сервис е отуѓен од народот и е слуга на партиските интереси на власта. Заедно со приватните режимски медиуми, МРТВ учествува во демонизирање на критиката и е комплетно посветена на промоција на корумпираниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Со пари на граѓаните креира розова слика за реалноста и го одржува режимот на власт“, пишуваше во најавата на протестот.

Граѓаните од пред СЈО ќе се маршира кон МРТВ.

„Ќе маршираме дотаму за да им порачаме дека тие се наш сервис и дека нивна задача е да работат професионално, а не партиски. Ќе им порачаме дека МРТВ е на граѓаните, од граѓаните и за граѓаните! Нема правда, нема мир!“, стои на крајот во соопштението./ видео Мета

За денеска најавени се протести на „Шарената револуција“ и во Кичево, Кочани, Битола и во Струмица.

Слични содржини