Граѓанското движење за обнова на Македонија (ГДОМ) денеска организираше собири во Кичево и во Битола, на кои повторно беа искажани барањата партиите да останат достојни на ставот за одржување на предвремени парламентарни избори на 5 – ти јуни.

gdom-bitola

– Денешната порака од граѓаните на Кичево ќе биде сите политички субјекти кои го потпишаа Пржинскиот договор да смогнат сила и на 5 – ти јуни да излезат на избори. Уште еднаш ги молам сите да излезат на 5-ти јуни на избори и да се види кој е кој на македонската плуралистичка сцена, истакна Гулаб Сарафилоски од ГДОМ.

Според него, потребно е да се направи разлика меѓу оние кои не сториле ништо на македонската политичка сцена, освен уништувањето на фабриките и оставањето на многу граѓани на улица, и разликата меѓу сегашните луѓе кои ја водат државата кои градат патишта, пруги, болници, градинки …

Битолчани уште еднаш вечерва се собраа на мирен протест и нивната порака беше за одржување избори на 5-ти јуни. Порачаа дека „За Македонија се работи“, и оти само избори се решение за излез од кризата. /МИА

Слични содржини