Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во југозападните и западните делови ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

плаза

Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 13 до 21, а дневната од 29 до 36 степени.  УВ = 8.

 СКОПЈЕ денеска  Сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.

 ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:   Утре и до средината на идната недела ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во западните и југозападните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во понеделник.

Слични содржини