Сообраќајот се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег на Попова Шапка провејува снег 

од desk4

Во нашата земја сообраќајот на патиштата  утринава се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег. Снег провејува на Попова Шапка.

Синоќа поради врнежи од снег беше воведена забрана за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Маврово, која подоцна  беше укината.

На граничните премини утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Слични содржини