Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето не го усвоија деловникот за работа. Седницата на која пратениците треба да ги договорат правилата за работа на комисијата е одложена за четврток, откако утре напладне претставници од партиите ќе се координираат за да усвојат заеднички деловник.

12285658_10206595350715681_1803654014_n

На првата седница, членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ реагираа зашто предлог-деловникот им бил испратен на приватен, наместо на службен мејл. Од СДСМ, пак, реагираа зошто никој од владејачката партија не доставил забелешки на предложениот деловник.

Претседателот на комисијата, Петре Шилегов од СДСМ, посочи дека предлог-деловникот на другите членови на комисијата им го испратил по мејл во четвртокот, со известување дека треба да му ги испратат забелешките или, пак, да контактираат со него лично.

Груевски и Ставревски се “пишманија”- еврообврзницата намалена од 500 на 270 милиони евра

Дел од членовите од ВМРО-ДПМНЕ на ова реагираа дека некои од нив не го виделе мејлот затоа што им бил пратен на приватниот, наместо на службениот мејл, а други сфатиле дека забелешките ќе се разгледуваат на самата седница.

Најголем проблем со предлог-деловникот беше тоа што е предвидено претседателот на комисијата да има два гласа во случај ако некоја одлука се донесе со еднаков број гласови.

Шилегов објасни дека вакво решение е предложено за комисијата да не се доведе во ситуација да биде заложник на една партија.

Забелешки имаше и за тоа дека во деловникот не било предвидено колку време смее да трае едно излагање, колку ќе траат репликите и контрарепликите, како и за тоа дека не би требало седниците да се пренесуваат на собранискиот канал, кога и онака на нив присуствувале новинари.

Пратеничката Роза Топузова-Каревска забележа дека еден член пропишува дека седница на комисијата може да се одржи без оглед на тоа колку нејзини членови се присутни.

Шилегов на забелешките одговори дека очекувал ваков однос и дека очигледно целта на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е да се одолговлечи работата на комисијата.

Пратеникот и заменик-претседател на комисијата, Горан Мисовски, ги праша пратениците од владејачката партија дали има заедничка волја да дојдат до некаква политичка разврска.

– Да бев на ваше место, јас ќе речев, го оставаме деловникот на страна, нека дојде утре Никола Груевски тука и веднаш ќе можеме и заклучоци да донесеме. Наоѓате забелешки за технички работи, дали мејлот ви бил пратен на приватната или службената адреса. Можеби мене ми пречи тоа што тројца пратеници од комисијава се директно вклучени во скандалот, но, ете, не направив никаков проблем. Ние тука нема да го судиме ниту Груевски, ниту никој друг – рече Мисовски.

 

МЕТА

Слични содржини