Создадена бактерија која прави биогориво од јагледорен диоксид

од Vladimir Zorba

1472310237-sistemen-bufer-3 (1)

Засега таа може да произведува многу мали количини, но методот е ветувачки.

Научниците од Универзитетот на Вашингтон создале бактерија која го преработува јаглеродниот диоксид во биогориво.

Бактеријата има потреба само од сончева светлина, за да го вади јаглеродниот диоксид од атмосферата и да го преработува во метан и водород, пишува весникот Scientific American.
Научниците ги објавиле резултатите од проектот во сајтот на американската Академија на науките. Засега бактеријата е способна да произведува многу мали количини биогориво, но методот е ветувачки.

Тие како основа користат веќе познати бактерии кои го преработуваат јаглерод диоксид во други материјали. Потоа ја создале бактеријата R. palustris која користи фотосинтеза, за да создава нов тип ензим. Токму овој ензим го преработува јаглеродниот диоксид, кој бактеријата го апсорбира во метан и водород, при тоа во еден чекор.

Засега методот далеку не е ефикасен. Бактеријата произведува само една метан молекула на секои 1.000 водородни. Тоа не е погодна за примена во масовно производство. Сепак научниците веруваат дека постојат начини за да се оптимизира процесот и да се зголеми бројот на метан молекули. Алтернатива е се бара начин да се произведуваат други биогорива.

Слични содржини