СП 2017:Познати сите четвртфинални двојки

од Vladimir Zorba

 

Репрезентацијата на Хрватска синоќа го совлада Египет со 21:19 во последното осминафинале на Светското ракометно првенство што се одржува во Франција.

Иако крајниот резултат е само два гола разлика за „коцкестите“, тие во текот на целиот меч имаа контрола над резултатот, полувремето го завршија со 13:7, во второто најчесто имаа плус четири и со рутинирана играа го привршија натпреварот во своја корист.

Денеска на Мундијалот се играат натпревари за пласман од 17-24.место, а за утре се закажани четвртфиналните мечеви. Двојките се:

Норвешка – Унгарија (17 часот),
Франција Шведска (19 ч.),
Словенија – Катар (20:45 ч.) и
Шпанија – Хрватска (20:45 ч./МИА

Слични содржини