ТВ Сител останува продолжена рака на полицијата. Со објавувањето на снимката од подметнатиот полициски провокатор кој му дава пари на Брат Љубе, која била користена како клучен доказ во судењето и за пресудата од 8 години, полицијата преку Сител се обидува да докаже дека Љубе ги продавал името за пари. А зошто не би му се верувало на Љубе дека го лажел тој полицискиот провокатор и подоцна заштитен сведок со грчки нагласок, само за да му земе некој денар за кампањата? Објавената снимка е од 11.04 2011 иако пишува 2012 година и е направена пред да бидат усвоени кандидатските листи и пред официјалниот почеток на кампањата, напиша вечерва професорот Ѓорѓи Спасов на својот фејсбук профил, откако ТВСител објави наводна снимка од Љубе Бошкоски. Притоа, во написот поранешниот македонски министер   и амбасадор вели:
spasov„Со посебните истражни мерки што ги користела полицијата во тој период, и траеле до завршувањето на изборите, биле слушани сите штабови на опозицијата, кандидати и лидери кои комуницирале со Љубе како лидер на опозициона партија. Затоа на Тито Петкоски не му беше дозволено како претседател на собраниската Комисија за контрола на УБК да направи увид во користењето на ПИМ во случајот со Бошковски. Откако тоа им помина, полициско-медиумските спектакли за заплашување на народот станаа редовна практика. Нјабенигните прекршители на законот ги апсеа до заби наоружани и маскирани специјалци, не се апсеше додека не дојде телевизијата или се повторуваа апсењата за да сними телевизијата. Ова е метод на полициско медиумска тортура за која поденакво треба да одговараат и полицијата и одушевените медиумски босови од таквите методи. Тие се соучесници во ист злочин. А Љубе има син кој сето тоа го има гледано и сето ова одмаздничко изживување го слуша. Помислил ли некој од актерите на овој полициско медиумски терор како би се чуствувале нивните синови да гледаат вакви сцени и да слушаат ваков вид на одмаздничко насладување. Толку ли ги погоди негативната кампања во која Љубе само се закануваше дека ќе ги докаже нивните криминали? Или од тоа вистина се уплашија?“.

Слични содржини