Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон изјави дека во моментов најдобар менаџер во Премиер лигата е Маурицио Почетино.

Аргентинецот е еден од тренерите за кои се шпекулира дека ќе го замени Луис ван Гал на клупата на Јунајтед.

download

Почетино од 2014 година е менаџер на Тотенхем, кој во моментов е на второто место во Премиер Лигата со пет бодови заостанување зад лидерот Лестер Сити.

-Ќе ви откријам една тајна. Пред околу шест седмици имав вечера со Фергусон, а тој ми рече дека Тотенхем има најдобар менаџер во Премиер лигата, изјави членот на англискиот парламент Дејвид Леми.

Одиграни првите четвртфинални дуели од германскиот куп

Фергусон е еден од директорите на Јунајтед, и има огромно влијание и авторитет на „Олд Трафорд“ па неговото мислење може да создаде дополнителен притисок врз актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“ Луис ван Гал кој бележи резултати под очекувањата.

Покрај Почетино, англиските медиуми шпекулираат со Жозе Мурињо како менаџер на Јунајтед следната сезона. /МИА

Слични содржини