Репортери без граници ја објави новата листа на Индексот на слобода на медиумите, според кој од вкупно 180 земји нашата земја се наоѓа на 118 позиција, за едно место подолу од минатата година. Македонија е веднаш зад Катар и пред Обединетите Арапски Емирати.

reporteri

“Клевета беше отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, но обвиненијата се заменети со државни акции, со можност за тешки парични казни и затворски казни за новинарите и сопствениците на медиумите. Најмалку 580 тужби за клевета се поднесени од крајот на 2014 година, неколку десетици од нив против новинари. Како резултат на тоа, повеќе од половина на новинарите на Македонија велат дека тие се цензурираат, според анкетата на Македонскиот синдикат на новинари и медиумски работници” -пишува во извештајот.

ДС: Да ја спасиме Македонија- експертска Влада!

Меѓу земјите со најлош рејтинг за медиумска слобода се Кина, Северна Кореја, Сирија, Виетнам, Туркменистан, Судан и Еритреја.

За разлика од нив, меѓу првите 16 земји со најголема слобода на медиумите се: Финска, Холандија, Норвешка, Данска, Нов Зеланд, Костарика, Швајцарија, Шведска, Ирска, Јамајка, Австрија, Словачка, Белгија, Естонија, Луксембург и Германија.

 

Целиот извештај ТУКА

Слични содржини