Средба Ахмети-Тимоние: ДУИ со поддршка на промените и реформите на парламентарното мнозинство

од Vladimir Zorba

 

Демократската унија за интеграција (ДУИ) како победничка партија на Албанците даде поддршка на реформското парламентарно мнозинство за да се формира нова влада која ќе ја спроведува агендата и однапред утврдена програма од страна на меѓународната заедница преку строго спроведување на реформите во судството, заокружување Охридскиот договор, и на евро-атлантските интеграции, истакнал лидерот на партијата Али Ахмети на денешната средба со амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние.

Според партиското соопштение, Ахмети елаборирал за сите конструктивни чекори што ги презела ДУИ за излез од кризата, во согласност со очекувањата на граѓаните и на меѓународната заедница.
Лидерот на ДУИ го информирал Тимоние дека ДУИ продолжила, и покрај сите чекори, со преземање дополнителни напори за решение и ги поканува особено двете македонски политички партии да се вклучат, без одлагање, и да се најде решение за остварување на очекувањата на граѓаните за мир, стабилност и безбедност, се наведува во соопштението.

– Секое доцнење претставува можност за противниците на нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ да го прошират своето влијание и да го продлабочат јазот помеѓу граѓаните на нашата земја, рекол Ахмети.

Слични содржини