Синодот на СПЦ испратил тричлена комисија во Канада да ги испита обвинувањата против тамошниот владика Георгија кои години наназад стигнуваат на адреса на Патријаршијата во Белград од српската дијаспора и тамошното свештество кои го обвинуваат владиката за раскалашно и недолично однесување кое не доликува на свештено лице.

BLUD

Покрај другото владиката се обвинува и за ненаменско трошење на црковни пари.

– Владиката патува по Куба, се вози со јахти, постојано некаде е на пат низ светот и скоро никогаш не е во Епархијата, вели еден од свештениците нза Блиц.

Дополнителен проблем е тоа што епископот не им кажувал на владиците каде престојува, а не давал отчет ниту на патријархот во Белград. Според белградски Блиц, најсериозното обвинување се однесувало за блудните дејствија на епископот. Имало пријави за „сомнителни лица“ кои доаѓале кај владиката, а според информациите на весникот, тој бил посетуван ор разни жени, при што со една од нив имал и дете. На душа му се ставаат и лошиот однос со верниците и свештениците.

Слични содржини