98
Поранешниот главен стратег на Белата куќа, Стив Бенон поднесе оставка од функцијата претседавач со десничарскиот сајт за вести Брајтбарт њуз.
Бенон поднесе оставка по судирот со претседателот на САД Доналд Трамп во врска со контроверзната книга „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, во која изнезе погрдни коментари за синот на Трамп, Доналд помладиот и за зетот Џаред Кушнер. По таквите тврдења, Трамп оцени дека Бенон го изгубил разумот.