Стотици лица протестираа во Калифорнија поради демонстрациите во Шарлотсвил

од Vladimir Zorba

Стотици лица протестираа во неколку градови во Калифорнија со цел да го осудат расизмот и насилството што произлезе од протестниот марш на „белите националисти“ во американскиот град Шарлотсвил во државата Вирџинија.

Во Оукленд синоќа се собраа стотици лица кои мирно протестираа, носејќи транспаренти, на кои меѓу другото пишуваше „наречете го како што е, бела надмоќ“.

Помал мирен протест е одржан и во Лос Анџелес.

Слични содржини