Научниците открија дека жените кои имаат повисоко ниво на кортизол во организмот, на  мажите им се понепривлечни од помирните дами. Тоа е лоша вест за оние припаднички на понежниот пол кои имаат стресна работа, а уште не ја нашле љубовта, сметаат биолозите од Универзитетот во Турку, Финска, цитирани од “Дејли телеграф”.

Тие овие заклучоци ги направиле, откако покажале фотографии на 52 млади латвиски жени со различни нивоа на кортизол во организмот на 18 хетеросексуални млади мажи кои ги замолиле да ја оценат атрактивноста на секоја од дамите. Кортизолот е катаболен стероиден хормон, одвоен од надбубрежните жлезди. Често нарекуван и хормон на стресот, бидејќи нивото значително му се зголемува по физички и емоционален стрес. Всушност овој хормон е многу повеќе од индикатор за нивото на стрес во организмот, тој е и многу важен за речиси сите функции на човечкото тело.

Затоа стресните луѓе чувствуваат негативното влијание во многу различни сфери – но никој досега не претпоставуваше дека кортизолот пречи и на љубовта! Според научниците причината е во тоа што лицата покажуваат важни сигнали за општата здравствена состојба на човекот, како и поконкретно за способност за зачнување. Затоа  жените под силен стрес кои генерално имаат и полошо здравје, носат “одвратна” порака на лицата кон барателите на партнерката. Овој феномен не е изолиран само до прекрасниот пол. Претходните истражувања покажале дека мажите исто така се доживувани како попривлечни, ако имаат ниски нивоа на кортизол во организмот.

Слични содржини