Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера земјоделци, кои претпладнево фрлаа камења врз зградата на Министерството за земјоделство во центарот на Атина.

06greece-articleLarge

Земјоделците од цела Грција денеска се собираат во Атина на голем протест кој ќе трае цел ден, а треба да почне денеска попладне.

Како што јави допсиникот на МИА од Атина, со протестот тие го искажуваат своето несогласување со плановите на Владата за зголемување на пензиските придонеси и даноци.
Околу 800 земјоделци од Крит, најголемиот остров во Грција, денеска се судрија со полицајците, кои го обезбедуваат влезот во Министерството за земјоделство, фрлајќи камења и кршејќи ги прозорците.

– Земјоделците се обидоа да ги истуркаат полицајците од пред влезот на Министерството. Полицијата употреби солзавец за да ги запре, изјави официјален претставник на полицијата./MИА

Слични содржини