Сведоци раскажаа детали за убиството на рускиот амбасадор

од Vladimir Zorba
Турскиот телевизиски канал NTV, повикувајќи се на сведоци, соопшти дека убиецот кој пукал во рускиот амбасадор во Анкара, испукал и неколку предупредувачки истрели откако Андреј Карлово паднал на земјата. Во соопштението се истакнува дека убиецот по првите истрели побарал од присутните на изложбата да си заминат, по што се приближил до легнатиот на подот Карлово и неколку пати пукал во него.

Во приказни на очевидци, терористот влегол во салата каде се одржала изложбата, во деловен костум со вратоврска и бил сметан како телохранител на амбасадорот.

Во меѓувреме од турското МНР потврдија дека убиецот е поранешен полицаец.

Слични содржини