Sвездите на хитот “Деспасито”, бесни на претседателот на Венецуела

од desk3

Sвездите на хитот Деспасито го обвинија претседателот на Венецуела дека нивната песна ја искористил за политички цели. Всушност, претседателот на Венецуела Николас Мадуро во својот телевизиски шоу програм овој викенд ја представи изменетата верзија на овој хит. Во преправениот текст Мадуро ги промовира своите планови за состав на новиот контроверзен парламент, кој ќе биде избран во недела за да го измени Уставот. Тој потег ги разлути порториканските sвезди Луис Фонси и Деди Јенки кои се оградија на социјалните мрежи. 

“Во ниту еден момент не сум бил прашан дали да одобрам изменет текст на песната ‘Деспасиото’ во политички цели, особено не во тажната ситуација во која се наоѓа Венецуела, земјата која многу ја сакам”, напиша Фонси.

“Мојата музика е наменета за сите оние кои сакаат да ја слушнат и да уживаат во неа, а не да биде користена како пропаганда чија намера е да манипулира со волјата на народот кој плаче за слобода”, додате тој.

Деди Јенки ја објави фотографијата на Мадуро покрај која напиша:”Тоа што илегално ја употребивте нашата песна не може да се спореди со злосторствата кои ги направивте во Венецуела. Вашиот диктаторски режем е шега не само за моите браќа од Венецуела туку за целиот свет”. Венецуела веќе неколку месеци ја потресуваат насилни протести, а милионски број на жители минатата недела се приклучи на генералниот штрајк. Стотина луѓе ги изгубија своите животи во немирите.

Неверојатната популарност на песната на Луис Фонси и Деди Јенки Деспасито овој хит го смести на врвот на сите листи, воедно станувајќи најслушана песна од било кога. Неодамна е објавено дека песната го зголеми и интересот за земјата во која се родени  мега звездите  успевајќи Порторик повторно да оживи по банкротот.

Слични содржини