Терористи од Сирија масовно произведуваат рачно изработени мини, тврди руски генерал

од desk2

Терористи во Сирија масовно произведуваат рачно изработени експлозивни направи и противпешадиски мини со цел да ги зголемат до максимум штетите и загубите меѓу цивилите, изјави денеска началникот на руските Инженерски воени единици, генерал-потполковник Јуриј Ставицки.

Како што јави ТАСС, во Русија денеска се вратија деминери од оваа единица, кои учествуваа во операција за деминирање на сирискиот град Алепо, каде работеа од декември минатата година,

– Откако ги исполнивме задачите во Палмира (Алепо) се судривме со поорганизирана терористичка единица, обучена на минска војна. Денес тоа се чувствува уште посериозно, изјави Ставицки.

– Откривме магацини со рачно изработени противпешадиски мини. Тоа покажува дека терористите сериозно се подготвуваат да нанесат штети и загуби главно на сириското населеие, рече тој.

Руските експерти изминатите три месеци расчистија над три илјади хектари површина во Сирија, вклучувајќи 4.500 станбени згради и 250 социјално важни објекти – училишта, џамии болници. Деминирани беа 13 населени места, деактивирани 36 илјади експлозивни предмети, меѓу кои над 20 илјади рачно изработени експлозивни направи.

Слични содржини