The Huffington Post: Доналд Трамп и Хилари Клинтон конечно беа прашани за нивните позиции во областа на енергетиката

од Vladimir Zorba

Кандидатите за претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и Хилари Клинтон конечно добија шанса да си ги измерат силите со еден од најголемите проблеми, кој досега беше избегнато во дебатите – енергетиката, пишува весникот The Huffington Post.

584d97bc7de115f36e18da4e0a0dd0c0

Прашањето кое двајцата го одговараа беше тоа што ќе направат во американското законодавство за потребите на енергетскиот сектор, а во исто време да се зачува природата и работните места на вработените во секторот на фосилните горива.

Трамп ја нападна администрацијата на актуелниот претседател Барак Обама, но не беше особено конкретен како ќе ги врати луѓето на загубените работни места во енергетскиот сектор. “Енергијата е жртва на администрацијата на Обама”, изјави кандидатот на Републиканската партија. “Агенцијата за заштита на животната средина на САД убива енергетските компании”, додаде тој.

Клинтон од друга страна коментираше дека американскиот енергетски сектор за време на мандатот на Обама бележел раст. “За прв пат сме енергетски независни”, коментираше кандидатот на Демократската партија и додаде: “Ние не сме зависни од Блискиот Исток. Но Блискиот Исток се уште во голема мера ги контролира цените “

Слични содржини