„Партијата за Движење на Турците (ТХП) во Р.Македонија најостро го осудува Претседателот на државата Ѓорге Иванов кој денеска прогласи аболиција за сите обвинети и осомничени во постапките кои што се водат против политичарите.

logothp

Турците во Р.Македонија немаат заборавено како беа ставени под огромен притисок и терор во изминатите изборни циклуси.

Со кое лице и морал Ѓорге Иванов ги аболицира тие политичари, злосторници што “ Турците ќе ги фатеа за уши и ќе ги носеа на гласање’’, или тие што ги нарекуваа Турците “цигани’’.

Да не заборавиме дека истиот Ѓорге Иванов беше избран преку истите нелегитимни и недемократски избори.

Со оваа денешна одлука Претседателот на државата и луѓето околу него треба да се срамат.

Ѓорге Иванов по повод на различни организации доста често патува во Р.Турција каде се претставува како голем пријател на Турците и пријател на Р.Турција. Но треба да се знае дека поради политичките одлуки и вистинското негово лице, Турците во Р.Македонија никогаш Ѓорге Иванов не го прифатија како пријател.

Доколку навистина Ѓорге Иванов себеси се смета за пријател на Турците, го повикуваме во најбрз временски рок да ја преиспита својата одлука и да ги прифати основните човекови и демократрски вредности. Во спротивно чекаме да даде оставка“, се вели во соопштението на ТХП.

Слични содржини