Тимоние: Ја молбилизираме француско-македонската поддршка

од desk2

Пратениците во Собранието на Република Франција Бертран Сор и Грегори Галбадон, кои ја предводат групата за франуско-македонско пријателство и францускиот амбасадор во Република Македонија Кристиан Тимоние ја посетија општина Битола и остварија средба со градоначалничката Наташа Петровска.


Битола наскоро ќе ја посетат високи француски делегации, а очекуваме и влез на француски претпријатија во овој град, најави амбасадорот Тимоние, по средбата со градоначалничката Петровска во нејзиниот кабинет.

– Сакаме да ја мобилизираме целата француско-македонска поддршка особено сега по добивањето на позитивната препорака во извештајот на Европската Комисија со кој влегуваме во нова фаза. Претстои зедничка работа но и напори за да за видиме што повеќе француски претпријатија во Битола, да ја зголемиме културната соработка со градот, а може да потврдам дека високи француски делегации наскоро ќе ја посетат Битола затоа што Битола е нам ни е град при срце, истакна амбасадорот Тимоние.

Според градоначалничката Петровска, интезивирањето на соработка на секој план треба да резултира со поголема присутност на француските градови и компании во Битола.

– Потврдата на постојаноста на Република Франција за пријателски односи со Република Македонија и отворена поддршка за евроинтеграциите. Овие средби го потврдуваат мојот сон, Битола да го добие заслуженото место на град кој ќе претставува атрактивна туристичка дестинација. Посакувам во секоја уличка на Битола да има бројни туристи, рече Петровска.

На средбата меѓу градоначалничката на Битола и високите гости од Франција, пратеникот Бертран Сор нагласи дека посакува Македонија што побрзо да биде дел од Европската Унија и како што рече -работиме на пречекот на Македонија во Европската Унија.

Слични содржини