Трајанов: Голем број на припадници на МВР се одважиле да ја откријат аферата за прислушувањето поради криминал

од desk3

Лидерот на ДС Павле Трајанов во интервју за НОВА изјави дека раководните структури во МВР кои илегално прислушувале не можеле да нпарават “совршено злосторство” и дека сигурно постојат докази за илегално прислушување, иако се случувало уништување на опрема. Според него има вече докази за прислушување, тоа биле заплнетите материјали од кај Горан Груевски, и тое сега имале задача да дадат легитимитет на злоупотребите.

pavle

“Јас верувам дека голем број на припадници на МВР, и така тие ја открија аферата зашто тие и натаму не можеа да се сложат , да се користат тие системи, да доаѓаат тие сензитивни информации надвор од процедурата без наредба на суд до тие што ги барале- до државниот врв.Веројатно процениле дека тоа не е во ред , дека има огромни криминали во државата, се одважиле , ги објавија незнам дали преку СДСМ или на некој друг начин “-посочи Трајанов.

Тој додаде дека полицијата има за задача да го уапси секој кој опструира судска наредба, од полицаец,  директор или министер.

 
Повеќе ТУКА

Слични содржини