Јас сум победникот, отсечено и гласно рече Трамп.

трамп Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД Доналд Трамп смета дека го поседува еден од најдобрите темпераменти  меѓу сите претенденти за Белата куќа во историјата. Тој го изјави ова за време на состанокот со своите приврзаници во градот Колорадо-Спрингс, држава Колорадо. “Сметам декаго  имам еден од најдобрите темперамент или сум еден од најдобрите од сите што некогаш се натпреваруваа за оваа позиција”, тврди милијардерот. Така тој  ги коментира зборовите на својата соперничка во претседателската борба Хилари Клинтон, која за време на конгресот на Демократската партија во Филаделфија, изјави дека ниту темперамент, ниту неговиот обид како бизнисмен не се погодони за да ја предводи САД. “Имам карактер на победник и знам како да заработам, а таа – не”, рече Трамп.

клин Ќего доверите  ли нуклеарното оружје на човек како Трамп, прашува Хилари.

Републиканецот исто така, рече дека е подготвен да започне жестока борба против својата соперничка на изборите. “Бев љубезен кон неа, но во нејзиното вчерашната изјава имаше толку многу лаги, па повеќе нема да бидам љубезен. И фрлам ракавица. Започнете: Трамп повеќе нема да биде добро момче “, рече тој. За време на конгресот во Филаделфија Клинтон изјави исто така на адреса на Трамп дека тој губи самодовербата при најмала провокација. За неа човек тој може да биде изваден  од нерви само од еден пост на Твитер , а таков не може да биде командант и да управува нуклеарното куферче, порача Клинтон. / ТАСС

Слични содржини