Американскиот претседател Доналд Трамп коментира по повод тестот на интерконтинентална балистичка ракета од страна на Северна Кореја дека тоа нема да го промени ставот на САД кон изолација на таа комунистичка држава, и увери дека ” ова е ситуација со која ќе се справиме “, соопштува “Ројтерс “.

Од своја страна, американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, објави дека ракетата лансирана од Северна Кореја била интерконтинентална балистичка .

Според него, досега е постигната највисоката височина на сите проектили на Пјонгјанг.

 Во изјавата на НАТО се нагласува дека овие настапи на   Пјонгјанг ја поткопуваат регионалната и меѓународната безбедност . Алијансата ја повикува Северна Кореја да продолжи со дијалогот со меѓународната заедница.

Од своја страна, премиерот на Јапонија Шинзо Абе изјави дека неговата земја  побарала итно заседание на Советот за безбедност на ОН поради новата  провокација на Северна Кореја.