Трамп пристигна во Вашингтон на средба со Обама

од Vladimir Zorba

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска допатува во Вашингтон каде ќе има средба со претседателот во заминување Барак Обама во Белата куќа.

Трамп попладнево слетал на аеродромот „Роналд Реган“ во округот Арлигтон во Вирџинија, а неговата посета, која е на покана на Обама, е дел од транзициониот период за примопредавање на власта меѓу демократите и републиканците.

6961658-3x2-700x467

Средба со својот наследник Мајк Пенс, ќе има и потпретседателот на САД во заминување Џо Бајден.

Шефот на транзициониот тим на Трамп, гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи денеска отвори нова интернет-страница (greatagain.gov) и нов профил на „Твитер“ (@transition2017), на кои меѓу другите содржини има и податоци од биографијата на Доналд Трамп и информации за неговите планови во политиката.

Инаугурацијата и положувањето на заклетва на Трамп како 45. претседател на САД ќе се одржи на 20 јануари следната година.

Слични содржини