Трендафилова: Моментно нема обвиненија,но ја очекуваме работата на обвинителите

од desk4

Претседателката на Специјалниот суд за злостроствата извршени од страна на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Екатерина Трендафилова, денеска во Приштина изјави дека засега нема покренато обвинение и оти не се знае кога тоа ќе се случи.

– Се уште нема покренато обвинение, се уште нема обвиненија, ја чекаме работата на обвинителите. Нема да водиме истрага против организации, туку само против поединци, изјавила Трендафилава.

Тоа значи дека нема да се води истрага за ОВК, туку само за поединци, нејзини припадници.

Таа додала дека сведочења ќе се приберат од домашни истражители, од меѓународните агенции и институции, посебно оние кои ги прибрала мисијата Еулекс и УНМИК.

Зборувајќи околу составот на Судот, Трендафилова,посочила дека оваа институција нема да дозволи политичко влијание.

Судот досега има по двајца судии од Франција, Холандија и Италија,четворца од Германија и еден од Норвешка, кои по аплицирањето биле подложени на меѓународна оценка.

Таа се задржала и на заштитата на сведоците, нагласувајќи дека секој кој ќе се обиде да им се закани или да им создаде каков било проблем, обвинителот е должен да почне истрага за тоа.

Единствено прашање на кое не одговорила е дали ќе бидат судени само лица од албанската или и од други нацоналности.

Слични содржини