Трговска војна меѓу САД и ЕУ?

од desk2

Трговска војна би било пропаст, вели надлежниот комесар на ЕУ Сесилија Малмстрем, додавајќи дека тоа би било пропаст со непредвидливи последици за светот, Европа, САД, Кина.

Во изјавата за виенскиот весник Курир, таа истакна дека се уште е рано да се оценува тоа во врска со соодветните најави на претседателот на САД Доналд Трамп.

Трамп го раскина транспацифичкиот договор и договорот за слободна трговија со ЕУ го стави на мраз, а има намера и повторно да преговара за договорот за стопански сојуз со Канада и Мексико (NAFTA).

Слични содржини