Три жртви на демонстрациите во Шарлотсвил

од desk2

Три жртви има во нередите предизвикани од националистичкиот протест на белци во градот Шарлотсвил во американската држава Вирџинија.

Прво автомобил удри во група демонстранти кои протестираа против националистичкиот марш на белците, при што загина едно лице, а 19 луѓе се повредени.

Веднаш потоа се урна хеликоптер на полицијата кој ги надгледувал протестот и контрапротестот. Во несреќата загинал пилотот и еден полицаец.

Гувернерот на Вирџинија прогласи вонредна состојба за да се спречи хаосот предизвикан од најбројниот протест во последните 10 години на белите националисти и контрапротестот против расизам. Нередите се случија откако возач удри во демонстрантите против расизам, по што се судрија двете групи.
Три жртви однесоа нередите предизвикани од националистичкиот протест на белци во градот Шарлотвил во американската држава Вирџинија.

Прво автомобил удри во група демонстранти кои протестираа против националистичкиот марш на белците, при што загина едно лице, а повеќе од дузина се повредени.

Веднаш потоа се урна хеликоптер на полицијата кој ги надгледувал протестот и контрапротестот. Во несреќата загинал пилотот и еден полицаец.

Гувернерот на Вирџинија прогласи вонредна состојба за да се спречи хаосот предизвикан од најбројниот протест во последните 10 години на белите националисти и контрапротестот против расизам.

Спорот настана по најавата дека ќе биде отстранета статуата на еден генерал од америкнската граѓанска војна, а кој го бранел робовладетелскиот систем.

Слични содржини