Турската полиција уапси терористи со елеци, преполн со експлозиви

од Vladimir Zorba

Турската полиција уапси петмина потенцијални бомбаши-самоубијци во провинцијата Хатај, лоцирана во близина на границата со Сирија. Тројца од уапсените се Сиријци.

Двајца од нив носеле елеци преполни со експлозиви и биле подготвени да експлодираат, се посочува во информацијата на локалните власти. Апсењата биле извршени пред осомничените да стигнат до центарот на градот.

Се уште нема информации за тоа на која екстремистичка група им припаѓале уапсените. Во последните неколку години во Турција беа извршени серија терористички напади, вклучувајќи и од екстремисти од ИД.

Слични содржини