Турски суд денеска ги ослободи сите 26 лица кои се осомничени дека ги организирале и предводеле масовните протести во 2013 година против претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Осомничени се лидери на „Таксим солидарност“, на граѓански движења, на синдикати и политички групи, кои се наоѓале на чело на протестите.

Активисти, меѓу кои има лекари, архитекти и инженери, се обвинети за основање злосторнички синдикат, нарушување на јавниот ред и мир и организирање нелегални протести преку социјалните мрежи, а им се заканувала и повеќегодишна затворска казна.

Активистите за заштита на човековите права бараа обвинувањата да бидат повлечени, а Амнести интернешанал го оцени целиот процес како „политички мотивирана судска претстава“.

Слични содржини