Турција и Франција ќе се обидат да ги убедат САД да ја променат одлуката за Ерусалим

од desk4

Во телефонски разговор денеска претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на Франција, Емануел Макрон се договориле со заеднички напори да ги убедат САД да ја променат одлуката за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Според турската телевизија НТВ, Ердоган и Макрон разговарале за таа одлука, а турскиот претседател истакнал дека заштитата на историскиот статус на Ерусалим е обврска на целото човештво.

На истата тема, Ердоган разговарал и со претседателите на Азербејџан, Илхам Алиев, на Казахстан, Нурсултан Назарбаев и на Либан, Мишел Аун.

За време на посетата на Путин на Турција, која што е закажана на 11 декември се очекува двајцата претседатели, исто така да разговараат за Ерусалим, откако претходно и двајцата претседатели искажаа загриженост во врска со потегот на Трамп.

Слични содржини